| четврток, 6 декември 2018 |

Соросоидите сами против себе

zz u studio

Самиот Зоран Заев го демантираа новинарите на „НоваТВ“ кои признаа дека прекинот на струјата не е саботажа како што сакаше да прикаже Заев, туку технички проблем на поратлот.

Прекинот на струјата во „Нова ТВ“ и интервјуто на лидерот на СДСМ Зоран Заев е поради технички недостатоци и проблеми на самиот портал, а не поради некаков намерен прекин на струјата како што сакаа да прикажат медиумите на СОРОС и челниците на СДСМ.

Нив ги демантираше самата НОВА ТВ која јасно стави до знаење дека разговорот е прекинат поради технички недостаток на чие надминување работат екипите на Нова ТВ. Наспроти ова, соросовите портали „Плусинфо“, „Либертас“, „А1он“,  Заев, партискиот портпарол Петре Шилегов и другите од СОРОС и СДСМ излегоа со смешни констатации дека саботажата била намерна.

zaev

-Ок сме. Се случи нешто, но не знаеме што. Најверојатно ја исклучија струјата. Но ветувам кога ќе добијам покана ќе присуствувам повторно, напиша Заев.

petre_thumb_medium500_142

-Вие гасете ја струјата, ние погласно ќе зборуваме, напиша партискиот портпарол Петре Шилегов во манипулативниот пост, за кој веднаш доби демант.

Демантот до нив стигна директно од медиумот во кој Заев гостуваше. Новинарката Сашка Цветковска директно го демантираше Заев, кој излажа и наведуваше на тоа дека дека прекинот на струјата е опструкција од власта.

saska_thumb_medium500_455

-Не е саботажа, станува збор за вистински технички проблем од наша страна. Снема струја во студито на НОВА, заради тоа е прекината дебатата, напиша Цветковска на социјалните мрежи.

Ова покажува еклатантен случај на манипулација од страна на соросовите портали и првите луѓе на најголемата опозициска партија. Самиот Заев го демантираа новинарите на Нова ТВ кои признаа дека прекинот на струјата не е саботажа како што сакаше да прикаже Заев, туку технички проблем на Нова ТВ.

Ова е само уште еден пример за тоа како лажат и манипулираат медиумите на Соросовата фондација во земјава, заедно со фунционерите на СДСМ, вклучително и лидерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top