Профилот на „Фејсбук“ на актерот Тони Михајловски е хакиран. Актерот вели дека не може да го отвори сопствениот профил, му бара да го верификува името. На тие што го направиле тоа им порачува дека „државата не се брани со профили на Фејсбук и лајкови, туку со дела, душа и тело“.
-Ниту се гради, ниту се брани. Државата се брани со душа и тело – вели Тони и на шега додава и Дедо Љубе нема профил, ама се одбрани.
Профилот на актерот, кој во изиматиот период често се искажуваше за актуелните состојби, веќе не постои на „Фејсбук“ и тој не може да го користи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


