Жељко Бабиќ е нов селектор на ракометната репрезентација на Хрватска, а 43-годишниот тренер на Мешков Брест ќе ги предводи популарните „каубои“ во продолжението од квалификациите за пласман на ЕП 2016, чиј организатор е Полска.
Според хрватските медиуми до последен момент сериозни кандидати за оваа позиција биле и македонскиот селектор Ивица Обрван и Горан Перковац.
Бабиќ му беше помошник на Славко Голужа на кормилото на хрватската репрезентација и токму тој ќе го наследи селекторот што доби отказ по настапот на „каубоите“ на СП во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.