| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца млади Руси уапсени за убиство на хомосексуалец

Двајца млади Руси се уапсени во регионот на Санкт Петербург под сомнение дека убиле хомосексуалец, нанесувајќи му 26 убодни рани.

Телото на 38-годишниот маж е откриено на почетокот на неделата во регионот на селото Всеволовск, во близина на Санкт Петербург. Полицијата уапсила неколку дена подоцна двајца мажи на возраст на 20 и 21 година под сомнение за убиство на хомосексуалецот.

Двајцата го признале убиството, изјавувајќи дека тоа го извршиле откако биле цел на сексуално вознемирување од стана на мажот.

Хомосексуалноста во Русија е сметана за болест до 1993 година и за душевно нарушување до 1999 година. Геј парадите систематски се забранети, а хомофобијата е отворено изразена. Хомосексуалците се почесто се цел на напади во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top