Хрватските потрошувачи го избраа за највкусен македонскиот јафа-кекс со желе од портокал прелеан со чоколада, во конкуренција на 10 други производители.
Ова е резултат на истражувањето спроведено од хрватскиот медиум „24 часа“ на група испитаници, составена од љубители на храна што не знаеле чиј производ пробуваат, а нивните ставови и оцени се индивидуални, независни и нецензурирани. Од учесниците во истражувањето било побарано да дадат оцена за вкусот, квалитетот, обликот и чоколадата кај меките кекс со желе од портокал прелиени со чоколада, кај потрошувачите познати како јафа меки кекси (soft cake).
Во истражувањето се тестирани сите кекси од оваа категорија присутни на хрватскиот пазар меѓу кои од „јафа“ на Црвенка, „кети„ од „Кауфланд“, „тастино“ од „Лидл“, „фрути“ на „Витаминка“, како и меките бисквити со желе на „Милка“, „Буџет“ и „Краш“.
По вкупниот број дадени поени за квалитетот, обликот, вкусот и цената на јафа-кексите од страна на учесниците во истражувањето, „фрути“ на Витаминка го зазедоа третото место пред „Црвенка“, „Милка“ и „Краш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст