Во источниот украински град Луганск пристигна колона од преку 80 камиони со хуманитарна помош од Русија. Москва испратила за жителите на луганската област храна и лекови.
Во Луганск и во Донецк денеска ќе бидат доставени повеќе од 1.800 тони хуманитарна помош. Колона од 170 камиони ноќеска се упатиле од Донскиот центар за хуманитарни работи во ростовската област. Тоа е 16 хуманитарна колона на руските власти за источна Украина.
Од август лани досега Русија испратила преку 20 илјади тони хуманитарна помош за жителите на донецката и на луганската област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


