| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски ги прислушувал и Црвенковски, Шекеринска и Савова

SDSM-populisticka-3Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач, нарачувал прислушување и на лица од опозицијата, се заклучува од првата пресуда за случајот „Пуч“. На списокот на прислушувани се некогашните лидери на партијата Радмила Шекеринска и Бранко Црвенковски, како и неговата десна рака, Наташа Савова. Според пресудата која вчера се појави во јавност, веќе осудениот, кој беше вработен во МВР, Зоран Костовски, пред Обвинителството признал дека меѓу функционерите за кои добил налог да ги прислушува се наоѓаат и имињата на Бранко Црвенковски и на Радмила Шекеринска.

Дали Верушевски овие лица ги прислушувал за потребите на странските служби, како што и признал Косотвски или, пак, за нив добил налог од Заев за потребите на внатрепартиските комбинаторики нема информации. Од скандалозното сценарио за преслушување на македонските граѓани не куртулиле ниту највисоките функционери на најголемата опозициска партија. Индикативно е дека меѓу лицата за кои било нарачано прислушување не е и името на Зоран Заев, што отвора простор за сомнеж дека токму тој му дал налог на Верушевски да му ги обезбеди овие материјали.
Со оваа пресуда паѓа во вода целото сценарио на Заев дека токму државата и владејчката партија преку својата структура ги прислушувала граѓаните.
presuda1111

Некои медиуми синоќа објавија дека вистински хаос владее на Бихаќка по излегувањето на пресудата за „Пуч“ на која јасно се гледа дека Верушевски нарачувал прислушувања на голем дел од луѓето кои тогаш беа во раководството на партијата. Од Заев се барало одговорност, зошто имињата на Бранко Црвенковски, Наташа Савова и Радмила Шекеринска се наоѓаат на списокот броеви за кои Верушевски барал прислушување на телефонските разговори. Некои медими, повикувајќи се на свои извори блиски до партијата, велат дека актуелното раководство ветувало дека овие разговори нема да излезат во јавноста иако не можеле да гарантираат дека се единствените кои располагаат со нив.

Нервозата кулминирала кога дел од приврзаниците на поранешниот лидер го обвиниле актуелниот дека ги користел прислушуваните разговори за да дојде на чело на партијата. Интересно е што по доаѓањето на Заев во претседателската канцеларија на СДСМ вечниот лидер Црвенковски се повлече од јавниот живот, а заедно со него и Наташа Савова, чијшто телефон, исто така, бил ставен на слушање од агентите на Верушевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top