| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец го истепал газдата зашто му дал отказ

Четириесет и осумгодишен кумановец го истепал сопственикот на фирмата во која работел и му го оштетил џипот затоа што останал без работа.

Инцидентот се случил на 12 март на улицата Индустриска во терминалот на „Агро“ – Куманово. Четириесет и осумгодишниот А.М. од Куманово, револтиран затоа што 52-годишниот Д.С. го избркал од работа, му удрил неколку тупаници во главата и телото, а потоа влегол во неговиот автомобил и со голема брзина удрил во џипот „гранд чироки“ на газдата.

Гневниот кумановец потоа зел шрафцигер и се обидел да го повреди Д.С., но во намерата го спречил вработениот Т.И., кој добил повреда на раката.

Кумановецот повторно влегол во возилото, уште еднаш удрил во џипот и го напуштил местото.

Истражен судија му одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top