Претседателот на Русија ѝ замерува на Србија многу работи, а како резултат на тоа следеле напади на руската телевизија кон Владата на Србија.
Листата неодамна беше надополнета и со тајната посета на Тони Блер во Белград.
- После колапсот на јужниот тек, премиерот на Србија Александар Вучиќ разговарал со Бајден за снабдување со американски гас
- Српскиот шеф на дипломатија Ивица Дачиќ во име на Србија потпишал со НАТО Акционен план за партнерство
- Русите сакале тендерот за Железара да биде направен на тој начин што нивните фирми ќе имаат најголеми шанси
- Владата на Србија ја ангажирала конултантската фирма на Тони Блер
- Белград ја продолжил примената на Бриселскиот договор со Приштина
- Оваа земја ја води Вучиќ, ја води од Белград, не ја води од Брисел, не ја води од Вашингтон и не ја води од Москва. И тоа на сите мора да им биде јасно – рекол министерот Александар Вулин за телевизија „Пинк“ по повод критиките на телевизијата „Russia Today” поради соработката на српската влада со консултантската компанија на поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер. Наведувајќи дека таа телевизија не е официјална руска државна телевизија, Вулин рекол дека Србија ќе ги почитува сопствените интереси, дека тоа некогаш им е по волја на едните, некогаш на другите, но она што е „единствено важно е дека Вучиќ и по волја на Србија“.
Извор: Телеграф.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст