Свекрвите секако не се зли вештерки, но добро е да ги знаете нивните карактеристики за да можете на најдобар начин да избегнете судири, кои во најчесто се неизбежни. Сепак, не се сите свекрви исти. Астрологијата дава совети за најдобри начини на однесување во одредени ситуации, како астролошки водич за нејзината личност.
Овен
Во моментот кога ќе се приближува кон вашата куќа, ќе се чувствувате како војник на кој му се приближува генерал. Во куќата влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира вашиот личен живот, но не дозволувајте тоа да ве залаже, ја интересира и повеќе отколку што можете да замислите. Готвењето ќе биде една од главните мети на нејзините напади, бидејќи нејзиниот син страда поради вашето готвење. Таа е импулсивна и сака во сè да биде главна, не само учесник. Затоа е важно да и се спротивставите и да го запрете овој снажен ураган од свекрва.
Бик
Таа ќе биде горда на жената на нејзиниот миленик, но кога најмалку ќе се надевате ќе ве потсети на својот завет – тоа ќе значи дека нешто не и се допаднало. Можеби по малку е материјалист, но ќе биде идеален советник за вашите финансии. Манијакално бара чистота и ред. Ако сакате да ја одоброволите со некој подарок акцентот ставете го на вниманието а не на цената на подарокот. Нема да ја интересира убавината туку самата вредност на подарокот. Доколку и ги оставите децата на чување постои опасност да станат разгалени и дебели.
Близнак
Доколку на неа оставите добар впечаток тоа ќе биде како да се добиле на лото. Тешко ќе ја разберете бидејќи едно мисли , друго зборува а трето работи. Но таа е идеална за чување на деца бидејќи многу е одговорна. Има потреба да се меша во приватниот живот на својот син бидејќи тоа ја интересира најмногу. Доколку се скарате со нејзиниот син може да застане на ваша страна, не затоа што ве сака туку поради чувството на праведност.
Рак
Оваа свекрва не е опасна ниту нападна, но е во состојба да лие крокодилски солзи за секоја ситница. Постојаните промени на нејзиното расположение ја прават многу раздразлива. Не ја лажете бидејќи има исклучителна интуиција, а за нејзината храна треба да имате најголеми пофалби, во спортивно ќе ве стави на црна листа. Многу е чувствителна, но сè што прави е само за да биде блиску до децата и семејството.
Лав
Оваа свекрва не е најсреќна прилика. Во вас ќе види своја конкуренција и не очекувајте пофални зборови од неа. Важно е на почеток да покажете зави бидејќи таа се смета за едно од најинтелигентните жени во зодијакот и можно е да игра валкана игра со вас. Непрекинато ќе ве контролира вас, вашата куќа и секој ваш чекор. Има вродена потреба се да надгледува и да управува. Поизитивна страна е што е одличен педагог и наспроти големата љубов кој ја чувствува кон внучињата таа никогаш нема да ги разгали.
Девица
Таа е многу разумна и едноставна од останатите кои се обидуваат да се наметнат. Клучот за успех кај неа е чистотијата. Ако вашиот дом не биде доволно уреден и чист ќе влезе како полицаец и ќе прави рација на расчистување. Многу е штедлива и добро е да и побарате совет за финасиите, тоа ќе го зајакне вашиот однос со неа.
Вага
Таа секогаш ќе биде ваша десна рака, ќе ве поддржи во ситуации во кои е потребна и непотребна, а воглавно ќе биде непотребна. Кога работите ќе се вжештат таа незабележително ќе си замине бидејќи не може да се носи со кавгите. Секогаш ќе биде добро расположена а својата пензија ќе ја троши на скапи подароци за своите внуци.
Скорпија
Свекрвата Скорпија може да биде вистинска вештерка и тиранин која со поглед ќе го сече секој ваш збор и отворено ќе ви покажува дека не ве сака. Нема средина кај неа, или ќе ве сака или нема да ве поднесува. Во двата случаја е добро да покажете свој став, бидете искрени и таа ќе го почитува тоа. Ако го пребродите почетокот, со време ќе видите дека е чувствителна, внимателна и може да ви пружи поддршка.
Стрелец
Оваа свекрва целосно ќе биде отсутна. Смета дека нејзиниот син не е веќе нејзината грижа, туку ваша, и нема да се меша во вашиот живот. Покрај неа ќе се чувствувате опуштено, а бидејќи ја интересира окултниот све, може со неа да седнете и да запалите цигара, да испиете кафе и да зборувате за астрологија, карти. Сигурно ќе се воодушеви од вас.
Јарец
Се меша само во финансиската ситуација бидејќи тоа најмногу ја окупира. Останатото не ја интересира но сака да готви да пече да прави колачи. Меѓутоа не и ги оставајте премногу децата на чување бидејќи многу ќе ги разгали поради својата чувствителност. Ако ви затребаат пари, таа секогаш ќе биде покрај вас, бидејќи ги има премногу и секогаш ќе ви даде корисен совет.
Водолија
Целта на оваа свекрва е оптштото добро на светот и нема воопшто да се меша во вашиот брак. Ќе биде преокупирана со разни ангажмани во здруженија и добротворни организации и цркви. Ако не и парирате во интелектуална смисла помалку ќе ве сака но сепак ќе ве почитува. А ако и побарате помош веднаш ќе дотрча до вас. Внуците ќе ги учи да бидат независни и да имаат свој став и мислење.
Риби
Нема да ви излегува од куќа но не од зли намери туку затоа што има потреба да помогне и да се чувствува корисна. Клучот на успехот е вешто да ја држите на дистанца но постојано да и споменувате колку ви е важна и дека ви е од помош. Тоа ќе направи да се чувствува пријатно. Сепак, ќе ви биде од корист и ќе биде внимателна кон внуците.
Извор: Kurir.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.