Етиката направи сам, сега се пренесува и на нашето тело. Но, што повеќе преземаме контрола над своето тело, толку поужасен станува секој проблем – болест, слабост, болничко лекување. Здравствените проблеми стануваат најголем грев на поединецот.
Како кај работник кој го тераат да се чувствува виновен поради губење на работата, затоа што не бил во состојба да побара нова работа пред да заврши претходната, болните луѓе се чувствуваат виновни што не ја спречиле болеста. Ние дури зборуваме за луѓе кои успешно управуваат со својот стрес! А ако не успееме да зајакнеме од болеста, се чувствуваме виновни и во друга област, самоисцелителството.
Не е изненадување тоа што идеологијата за самоисцелителството доживеа подем токму во момент кога во многу земји политичарите почнаа да отвораат врата на се поголемата приватизација на јавниот здравствен систем. Многу луѓе станаа многу незадоволни од лекувањето кое го имале во медицинските институции, додека истовремено стануваше се појасно дека во иднина се помалку луѓе ќе бидат во можност да ја платат соодветната и се поскапа приватна здравствена заштита.
Додека идеологијата на самолекување промовира став дека одговорноста за личното здравје или дури моќта да се изврши сопствено лекување, почива во рацете на самиот поединец, тоа истовремено поттикнува нови облици на претприемаштво. Поради тоа се појавија многу здравствени гуруа на новото време, кои нудат нови начини да се воспостави врска со нашите внатрешни исцелителски можности.
Кога се работи за болест, идеологијата за самолекување често води до фантазии за тоа какви натприродни или едноставно ненаучни сили се на дело во нашиот организам и какви сили можеме да повикаме за да ја излечиме. Во моменти на најголема слабост ние бараме какво било објаснување и секаква помош која можеме да ја најдеме.
Британски атрополог кој се борел со можен рак пред неколку години се одлучил да спроведе мало антрополошко истражување во болница прашувајќи ги пациентите како ја доживуваат својата болест. Бил многу изненаден колку брзо луѓето прифаќале разни форми на празноверија кога ќе се разболат.
Еден многу учен пациент на пример верувал дека може да се ослободи од ракот на цревата ако би бил во состојба да ги испразни со голема нужда; а трет се надевал дека ќе го исчисти телото од тумор така што ќе си замислува дека тој не постои.
Човековите реакции на болестите многу често се движеле низ разни магични патишта. Болестите како чумата или ХИВ се сметаат за божја казна, а нивното лекување често вклучувало ритуали на прочистување. Во некои делови на Африка, на пример, се верува дека човек може да се излечи од СИДА така што ќе има сексуален однос со девица.
Потрагата по виша сила која ќе ја преземе контролата во исто време додека инсистираме на своја слобода на избор не е сосема изненадувачка. Кога се плашиме, а изборот секогаш вклучува елемент на страв, ние често бараме за некој или нешто да ја преземе одговорноста.
Можеме да одлучиме да се посоветуваме со верскиот лидер, здравствен гуру или дури со астролог, во надеж дека ќе го намали нашиот страв.
Данас – Белград
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.