| четврток, 6 декември 2018 |

Врската на Шабан Шаулиќ со Македонија

Шабан Шаулиќ, не пропушта момент да се пофали со тоа колку и како го владее македонскиот јазик, велат организаторите на неговиот концерт во Скопје. „Балкан Медија“.

Пред концертот закажан за 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, Шаулиќ вели дека нема да ја пропушти оваа несекојдневна можност, на македонската публика да и се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска во Македонија.

– Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома. Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор – вели Шаулиќ.

На 14 март на сцената во Борис Трајковски освен него ќе се појави и Ана Бекута, Саша Матиќ како и во моментов најпопуларниот оркестар во Србија, оркестарот на Александар Софронијевиќ.

Влезниците уште само два дена се по цена од 400 денари. Можете да ги најдете на стандардните продажни места: Пола Југотон, Камарад – рамстор, Цвеќара Розе – Веро 2, локалните кафулиња и плоштади низ државата како и продажната мрежа на купикарти за се. За фановите на оваа неверојатна музичка дружина од останатите градови во Македонија, ќе биде обезбеден организиран превоз.

Повеќе информации како и резервации на маси или пакет влезници на телефонскиот број:  072680776.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top