| четврток, 6 декември 2018 |

Савиќевиќ: Нема да има тензии на „Максимир“ (видео)

Дејан Савиќевиќ очекува екс-југословенско дерби без многу тензиии и проблеми, меѓу Хрватска и Србија на „Максимир“, во Загреб на 22 март. Актуелниот претседател на црногорската фудбалска федерација учествуваше во дуелот меѓу Хрватска и тогашна СР Југославија во 1999 година, а легендарен е видеоклипот кој ја прикажува кавгата меѓу него и еден хрватски навивач.

-Ме наврдеуваше без каква било причина и му вратив. Викаше четници, убијци, злосторници…. Јас не сторив ништо лошо, само играв за репрезентацијата што тогаш постоеше. Но, и тогаш на теренот немаше ништо. Надвор од него нѐ чуваа агенти и полиција, а на аеродром кога пристигнувавме имаше војска со „калашникови“. Се чуствував одвратно. Веројатно и сега мерките за безбедност ќе бидат зголемени, но не очекувам инциденти. Кога ги немаше во 1999 година во екстремно напната атмосфера, нема да ги има ни сега – вели Савиќевиќ.

Црногорецот ќе навива за Србија, а, според него, Хрватите се фаворити.

– Србија е во тешка ситуација, но има добри играчи. Хрватите се фаворити иако нема да им биде лесно. Не секогаш победуваат фаворитите. Искрено не очекував дека Штимац и Михајловиќ некогаш ќе се занимаваат со тренерска работа, а сега ќе бидат еден против друг како селектори на Хрватска, односно Србија. Луѓето се менуваат со текот на годините и нивна е одлуката да се занимаваат со таа професија – рече Савиќевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top