| четврток, 6 декември 2018 |

Боби Коминовски е професорот што загина во сообраќајката на патот Битола – Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во 19 часот и 40 минути на патниот правец Битола – Ресен, кај местото Чешмите, каде што животот го загуби познатиот музичар и професор од Битола Боби Коминовски, објави порталот „Охриѓани“. Сообраќајната несреќа настанала меѓу патничко моторно возило  БМВ со битолски регистарски таблички  и товарно моторно возило со албански регистарски ознаки.

При несреќата, возачот на автомобилот починал на самото место. Коминовски е роден во 1968 година во Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top