| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот на македонско овошје и зеленчук во Русија зголемен за 228 отсто

извоз

Извозот на македонско овошје и зеленчук во Русија е зголемено за 228 отсто во втората половина од 2014 година, по увозните рестрикции што ги воведе Москва за ЕУ и САД.

Рускиот економски интернет сајт „ФТајмс“ наведува дека Македонија, заедно со Србија, Турција и Кина го зазеле местото на ЕУ и САД на рускиот пазар. Извозот на Србија во периодот август – декември лани бил поголем за 36 проценти од Србија, од Турција за 25 проценти, а од Кина за 10 отсто.

И покрај зголемениот увоз на земјоделски производи од овие земји, сепак, на рускиот пазар и натаму недостасуваат поголеми количини јаболки, круши и домати. Недостасуваат и други намирници како што се месо, риба и млечни производи кои Русија претходно главно ги увезуваше од САД и ЕУ.

Русија лани увезла 670 илади тони овошје и зеленчук, што е пад од шест проценти во однос на 2013 година. Намалувањето се должи на воведената забрана за увоз од ЕУ и САД по санкциите што Брисел и Вашингтон и ги воведоа на Москава поради случувањата во Украина.

Вкупниот извоз на Македонија на рускиот пазар лани изнесувал 42.068.000 американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top