| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија со најниска минимална плата во ЕУ

Меѓу земјите-членки на Европската унија, Бугарија има најниска минимална месечна плата од 184 евра, покажуваат податоците на Евростат.

Според денеска објавените податоци на Евростат, наспроти најниската заработка во Бугарија, највисока минимлана месечна плата од 1.923 евра во ЕУ има во Луксембург.

Државите во ЕУ според висната на минималната плата се поделени во три групи. Во првата група со плати до 500 евра, покрај Бугарија, спаѓаат и државите до Источна Европа и Хрватска, во втората група со плати од 500 до 1.000 се Словенија и земјите од југот на Европа, додека Германија, Велика Британија, Франција, нордиските држави и земјите од Бенелуксот се дел од групата со плати повисоки од 1.000 евра.

Во однос на 2008 година, пад на минималната плата е забележана само во Грција и тоа за 14 отсто, во Ирска таа е на исто ниво, додека во сите останати земји од ЕУ минималната месечна зарботка бележи раст.

Најголемо заголемување на минималните палти во периодот јануари 2008 – јануари 2015 има во Романија од 95 отсто, Бугарија од 64, Словачка од 58 и Летонија од 57 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top