| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележана годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

trajkovski

По повод одбележувањето 11 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници кои загинаа во авионска несреќа каја Мостар, денеска во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел цвеќе положија членови на семејствата, министрите за надворешни работи Никола Попоски, за одбрана Зоран Јолевски и министерот без ресор Неждет Мустафа, како и делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски.

trajkovski 2

Заменик-министрите за здравство Јовица Андовски, за локална самоуправа Љупчо Пренџов и за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, пак, положија цвеќе на гробот на Анита Кришан Лозановска, советник во кабинетот на Трајковски, на гробиштата кај црквата „Свети Спас“ во општина Велес.

trajkovski3

Денеска се обележува 11-годишнината од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Република Босна и Херцеговина.

trajkovski 4

Во авионската несреќа, покрај претседателот Трајковски, загинаa и осум лица кои беа во авионот: портпаролот на претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи, Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.

trajkovski 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top