Босанската безбедносна агенција почнала истрага против пејачката Ханка Палдум, која е осомничена дека во 1993 година сексуално злоупотребувала затвореник во логорот „Силос“.
Случајот излегол во јавност откако Србинот Горан Голуб дал интервју за српски „Курир“, по што бил сослушан од инспекторите на агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА).
– Тој повтори сѐ што кажа во интервјуто. Детално опиша што се случило на Игман во 1993 година. Инспекторката која го испрашувала од неговиот адвокат побарала документација со која е утврдено дека е сексуално злоупотребуван – вели анонимен извор од истрагата за Курир.
Истиот извор рекол дека испекторите во следните неколку дена треба да ја сослушаат и Ханка Палдум, по што предметот ќе го предадат на обвинителството кое ќе реши дали ќе покрене обвинение против пејачката.
Во интервјуто, Голуб рекол дека ја видел Палдум во февруари 1993 година во логорот „Силос“.
– Неколку затвореници, меѓу кои и јас, бевме доведени да копаме ровови и да помагаме во подготвување концерт на кој требаше да настапи Ханка и Дино Мерлин. Таа беше во војничка униформа и шеташе низ логорот. Ја погледнав, и таа ме виде. Ми пријде и ми викна „Што гледаш“! Ми нареди да седнам со раширени нозе по што го направив тоа. Тогаш со сета сила ми го згмечи половиот орган, а од понатамошно малтретирање ме спаси Јука Празина, кој го познавав од порано – раскажал Голуб кој поминал четири години во логори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.