Премиерот Никола Груевски на вчерашната прес-конференција посочи дека лидерот на СДСМ Зоран Заев во целата игра со прислушувањето бил само обичен инструмент.
-Ако целта ми беше да го замолчам или спречам, логично би било да ги прифатам неговите уцени, како што самиот кажува, тогаш логично и било да ги прифатам неговите уцени, но јас тоа не го направив. Овде играта не е Зоран Заев, тој е само еден најобичен инструмент, камиказа, овде играта е многу поголема, преголема за неговите сфаќања. Јас не сум човек кој функционира под закани и уцени. Тоа е неприфатливо кон граѓаните и кон државата да калкулирам за националните и државните интереси – нагласи Груевски.
Тој додаде дека сите факти и околности ќе се утврдат низ транспарентна и објективна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст