Граѓани на Србија и понатаму водат според бројот на баратели на азил во Западна Европа и се неопходни мерки да се запре тоа , се вели во најнов извештај на Европската комисија.
Од сите азиланти од Западен Балкан „уделот“ на Србија е 42 процента, а следуваат Македонија, БиХ, Албанија и Црна Гора, се вели во редовниот извештај за функционирањето на безвизниот режим во регионот.
Речиси три четвртини од азилантите побарале влез во Германија и покрај речиси никакви шанси барањето да им биде одобрено, утврдила Комисијата.
Извештајот покажува дека бројот на азиланти постојано расте откако државите од Западен Балкан се ставени на „белата шенгенска листа“ и сугерираат мерки што треба да преземат држави од регионот.
Од нив се бара засилување на меѓусебната соработка и гранична контрола и лицата кои заради профит поттикнуваат имиграција да бидат кривично гонети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.