| четврток, 6 декември 2018 |

Три американски фирми за цигари ќе платат 100 милиони долари отштета

cigari

Три најголеми производители на цигари во САД прифатиле да платат 100 милиони долари судско порамнување за тужби од пушачи што тврдат дека се разболеле, и тие, чиишто роднини, како што тврдат, починале од пушење цигари.

Со порамнувањето треба да се намират повеќе од 400 тужби на Флорида по неколку години прави постапки.

„Филип Морис“ и „РЈ Рејнолдс“ ќе платат по 42,5 милиони долари додека Лорилард ќе плати 15 милиони долари, наведуваат од компаниите. Тие сепак, предупредуваат дека ќе продолжат „енергично“ да се бранат вклучувајќи и жалби на евентуални пресуди во други судски спорови.

„РЈ Рејнолдс“ минатото лето е осуден на Флорида да исплати 23,6 милијарди долари на вдовица на пушач што починал од рак на белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top