| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од првиот ден на снимањето на „Икс-фактор“

Судиите на регионалното музичко шоу „Икс-фактор“ ги заземаа своите места. Бројната екипа овие денови има полни раце работа бидејќи почна снимањето на аудициите пред жирито и публиката.

Во студиото со површина од 1.800 квадратни метри кандидатите ќе го презентираат својот музички талент пред жирито составено од музичките ѕвезди: Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Александра Ковач. Судејќи по првичните реакции на публиката, тие одлично се снајдоа во својата улога.

На аудициите кандидатите пеат една песна по избор, судиите коментираат, гласаат и одлучуваат кој минува понатаму. Аудициите ќе бидат прикажани во пет епизоди, кои ние ќе ги гледаме на телевизија „Сител“.

Во реализацијата на проектот учествуваат 160 луѓе, шоуто се снима со 13 камери во систем и 9 помошни камери, а сценографијата се работи строго по лиценца.

Што кажа жирито за претстојното шоу?

Александра Ковач: Очекувам многу талентирани луѓе, многу се радувам на менторската улога и на работата со кандидатите. Навистина сум возбудена што ќе бидам дел од жирито оваа сезона.

Жељко Јоскимовиќ: Многу ми е мило што повторно ќе бидам дел од ова шоу и ќе им помогнам на младите талентирани луѓе со своите совети и искуство.

Масимо Савиќ: Мислам дека ова е едно од најголемите натпреварувања и љубопитен сум да видам дали ќе има момци и девојки што ќе пленат на сцената.

Тончи Хуљиќ: Нема да бидам строг, туку токму онаков каков што сум и едвај чекам да го пронајдам тој небрусен дијамант.

Извор: Prva.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top