| четврток, 6 декември 2018 |

Стратфор: ЕУ и Русија тешко ќе преживеат во овој облик

eurozone_2140474b_2253681bАмериканската аналитичка и разузнавачка компанија Стратфор, која во медиумите се нарекува и „ЦИА во сенка“ за периодот од 2015-2025 година предвидува дека Европската унија тешко ќе преживее во оваа форма, како и Русија, а војната со исламистите ќе опаѓа.

Блиски исток

Гледаме дека војната на САД против џихадистите е во опаѓање. Тоа не значи дека исламските милитанти ќе бидат елиминирани. Нападите ќе продолжат, некои ќе бидат успешни. Но, двете главни војни во регионот драматично ќе се намалат, ако не и завршат до 2020 година. Гледаме исто така дека ситуацијата во Иран ќе биде ставена под контрола. Дали ќе биде сторено тоа со воена акција или со изолација на Иран, со политички договор со сегашниот или идниот режим не е јасно, но не е ниту важно за пошироката геостратешка ситуација.Иран просто нема моќ да биде водечки играч во регионот надвор од својот непосреден хоризонт.

ЕУ

Диверзитетот на системот и демографијата на Европа ќе ги стави институциите на ЕУ под голем притисок. Се сомневаме дека институциите ќе преживеат. Се сомневаме и дека ќе работи многу ефикасно. Главната политичка тенденција ќе биде далеку од мултинационални решенија, кон растечкиот национализам кој го водат различни економски сили, оптества и култури. Елитите кои се создадени во ЕУ ќе се најдат под зголемен притосок на мнозинската популација. Тензиите меѓу економските интереси и културната стабилност ќе ја дефинираат Европа. Со самото тоа меѓуевропските односи ќе бидат непредвидливи и несигурни. ЕУ нема да биде способна да го реши својот фундаментален проблем што не е еврозона, туку слободна трговска зона. Германија е гравитационен центар на ЕУ; таа извезува повеќе од 50 проценти од својот БДП, а половина од тоа оди кон другите земји на ЕУ. Растот на германската индустрија, вработенста и општествената стабилност зависат од тој извоз. Структурите на ЕУ се создадени да ја поддржат нејзината зависност од извозот. Ова веќе два пати ја делеше Европа. Медитеранска Европа и земјите како Австрија и Германија имат целосно поинаква шема на однесување и потреби. Нема единствена политика која би и удоволила на цела Европа. Ова е суштински проблем уште од почеток, но сега го достигна врвот. Тоа што дава добивка на еден дел од Европа и штети на другиот дел од Европа.

Национализмот веќе значително порасна. Загриженоста на Источна Европа околу Русија создава друга Европа, но ако ги одделиме Велика Британија и Скандинавија имаме четири такви.  Со порастот на бројот на европските десничарски и левичарски партии, зголемената делегитимизација на владејачките апртии и се поголемата популарност на сепаратистите и национализмот што го предвидовме уште во 2005 година се очигледни. Овие трендови ќе продолжат. ЕУ можеби ќе преживее во некоја смисла, но нејзините економски, политички и воени едноси ќе бидат водени преку билатерални или ограничени мултилатерални односи кои нема да бидат обврзувачки. Некои држави можеби ќе го задржат членството во некоја многу модифицирана ЕУ, но тоа нема да ја дефинира Европа.

Русија

Русија ќе ја мине декадава во обид да се осигура пред да дојде до демографски пад. Тоа ќе се обиде да го стори преку јакнење на својата економија додека демографијата тоа и го дозволува.Русија исто така ќе сака да ги реинтегрира поранешните советски републики во кохерентен ентитет за да го прошири пазарот и да добие територија. Русија себе си се гледа под притисок и затоа е во брзање. Тоа ќе предизвика да биде агресивна и опасна. Меѓутоа, во оваа декада нејзините акции ќе предизвикаат напнатости меѓу нејзините соседи и во смисла на национална безбедност и во смисла на брзо менувачки ек0номски политики. Малку е веројатно дека Руската Федерација ќе преживее во овој облик. Неуспехот на Русија да ги трансформира приходите од енергија во самоодржувачка економија ја прават ранлива при флуктуација на цената.

Таа нема одбрана од овие пазарни сили. Со оглед на организацијата на федерацијата, со приходи кои одат до Москва пред да се дистрибуираат директно или преку регионалните влади, текот на средствата исто така драматично ќе варираат. Тоа ќе доведе до повторување на искуствата на СССР од 80-тите и Русија од 90-тите, со падот на можнсотите на Москва да ја поддржи националната инфраструктура. Во овој случај, тоа ќе доведе до одбрана на регионот и формирање на неофицијални и официјални автономни ентитети. Економските врски кои ја поврзуваат руската периферија со Москва ќе ослабнат. Најпогодени ќе бидат сателитските држави во Централна Европа. Главната грижа на Русија ќе остане Североевропската рамница, традиционалната тура за инвазија на Русија. Фокусот на тоа ќе се зголеми кога Европа ќе стане политички непредвидлива. Рускиот притисок на Централна Европа нема да биде воен, но Централна Европа ќе се чувствува дека е под закана. Сметаме дека овој константен и растечки притисок ќе поттикне општествен, економски и воен развој на Централна Европа.

„Нема деценија без болка, дури и во совршени времиња има патење. Кризите кои ги очекуваме се далеку од најголемите што сме ги виделе во минатиот век и не се полоши од оние што ќе ги гледаме во иднина. Тука е и уверувањето дека нашата болка е најголема до сега. Тоа е нарцисоидно. Тоа што сега го имаме секогаш ќе се менува – најчесто порано од тоа што мислиме дека е можно.Нашите болки сега едвај се нормални болки на човек. Тоа не е утеха туку реалност и во тој контекст треба да се чита прогнозата за оваа деценија, заклучува Стратфор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top