| четврток, 6 декември 2018 |

„Стратфор“: ЕУ и Русија ќе се распаднат, комунистичка диктатура во Кина, САД останува сила

Американската приватна разузнавачка компанија „Стратфор“ во прогнозата за следната деценија наведува дека Европската унија ќе се распарчи, Кина ќе потоне во комунистичка диктатура, а Русија дека ќе се распадне.

„Мала е веројатноста дека Русија ќе опстане во сегашниот облик“ поради неуспехот на Москва да ги трансформира приходите од енергентите во самоодржлива економија, што наводно ќе доведе до „повторување на искуствата на Советскиот сојуз во 80-тите години, односно Русија во 90-тите“, наведува „Стратфор“.

Извршниот директор на „Стратфор“ Џорџ Фридман наведува дека „руската сила може да издржи работи кои би ги разбиле другите нации“, истакнувајќи дека земјата има воена и политичка моќ да влијае на Европа.

Според прогнозата на „Стратфор“, евентуални територијални загуби на Русија нема да бидат ограничени на нејзиниот европски дел, туку на Северен Кавказ и на Далечниот исток, а распадот на територијата нема да можат да го запрат службите за безбедност.

Авторите на прогнозите оценуваат дека распадот на Русија ќе биде голем тест за САД, но и дека во процесот на превземање на контролата над руските нуклеарни сили би можело да дојде до употреба на атомско оружје.

„Стратфор“ наведува дека односите внатре во државите на ЕУ се непредвидливи и нестабилни, како и дека тој тренд ќе продолжи, бидејќи не е можно на цела Европа да и одговара една политика.

Кога станува збор за Кина, на неа после „хибридниот пат“ американската агенција и предвидува силна централизација на политичката и економска моќ, што ќе доведе до воспоставување на комунистичка диктатура, а Блискиот исток и Северна Африка ќе бидат изложени на понатамошни судири и дефрагментација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top