Државниот секретар на САД Џон Кери денеска изјави дека се разгледуваат дополнителни санкции против Русија, кои може да бидат воведени, ако настаните во Источна Украина го бараат тоа.
– САД ќе видат дали мировниот договор од Минск се применува или има некакви други напори, што заслужуваат итна и сериозна реакција, изјави Кери пред конгресмените.
Кери ги обвини Русија и проруските сепаратисти, дека не го исполнуваат потпишаниот кон средината на февруари во Минск мировен договор. – Барме целосно повлекување на тешкото вооружување и странски војски од Источна Украина, воспоставување на целосна контрола од Украина над меѓународната граница со Русија и ослободување на сите заложници, истакна Кери.
Според Кери американскиот претседател Барак Обама се уште нема донесено конечна одлука за доставата на оружје на Украина. – Тоа се должи и поради фактот дека вчера во Париз се одржа средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и колегите од Франција и Германија Лоран Фабијус и Франк-Валтер Штајнмајер. Тие разговараа за применување на договорите од Минск и понатамошни чекори. Освен тоа, дел од оружјето и силите се повлечени, истакна Кери пред комисијата на Конгресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.