| четврток, 6 декември 2018 |

Француски авиони нападнаа позиции на ИД

Авиони ловци од францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ денеска првпат гаѓаа позиции на Исламска држава во Ирак, пренесоа француските медиуми.

Цел на нападите бил тренинг камп на ИД во Ирак, сместен долж границата со Сирија.

Еден од четирите ловци „Рафал“ утринава од Персискиот залив полетал во правец на север, натоварен со четири бомби со ласерско или џи-пи-ес насочување и по акцијата се вратиле без нив.

Вториот авион „Рафал“ полетал во истиот правец, исто така со четири бомби и се вратил со половина од нив.

Два други авиони „Рафал“ се вратиле со сите четири бомби.

„Шарл де Гол“ веќе два дена се наоѓа во Персискиот залив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top