| четврток, 6 декември 2018 |

За што служат трепките?

­ Научници од Џорџа Тек ја спроведоа првата аеродинамичка студија на трепки, проучувајќи 22 различни видови цицачи, за да откријат каква улога имаат. Студијата објавена во списанието „Џурнал оф Ројал Сосајати“ (Journal of The Royal Society) беше спроведена на животни кои се разликуваат од големина на јазовец до жирафа.

Беше откриено дека влакната на трепките имаат должина еднаква на третина на ширината на окото, а на таа должина тие ефективно го намалуваат испарувањето на влагата од окото и спречуваат влегување на ситни честички во окото, јави „Интернешенел бизнис тајмс“.

Да се подолги или покуси, би биле нефункционални во наведената смисла, открија научниците во текот на истражувањето. Трепките поточно служат и како препрека на струење на воздухот кон окото, затоа што го забавува и спречува сушењето на окото.

Но, ако се предолги, тогаш ја губат таа функција и всушност само ја влошуваат состојбата, така што должината на трепката која ја имаме е толкава колку што треба да биде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top