Преспанското Езеро е едно од најстарите, но и најчистите езера во светот, меѓутоа последните влијанија врз него укажуваат дека може дајде до промена на овој статус, истакна градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски на денешната прес-конференција.
Познавајќи ја, додаде, непроценливата важност на ова езеро во одржлива иднина на Преспа и нејзините жители, општина Ресен заедно со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка презеде одлучна акција за негова заштита од бројни негативни влијанија.
Во изминатите две години во насока на заштита на езерото вложени се околу еденмилион американски долари. При тоа обезбедено е одведување и третман на отпадните води од три значајни рурални средини во Преспа. Изградена е постројка за компостирање на органски отпад, а преку Паркот на природата Езерени се заштитува едно од највредните подрачја не само во Преспа, туку и пошироко. Покрај тоа, набавени се и првиот мониторинг брод и најсовремена лабораториска опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.