Современиот човек може да е модерен и образован, но дефинитивно живее нездрав живот. Тој е имобилизирани, се храни со штетна храна, а кога се забавува, во повеќето случаи тоа значи алкохол, цигари и дури дроги.
Носат неудобни чевли
Неудобни чевли можат да предизвикаат не само некој плускавец, но и да ви нанесат повреда на целата нога и р’бетот. Купувајте квалитетни и удобни чевли.
Го заборавате растегнувањето
Загревање и растегнувањето, се оние досадни работи што треба да ги направите пред и по вежбањето. Тие ја намалуваат веројатноста од повреди.
Не пиете доволно вода
На ден треба да се пијат 8 чаши вода. Соковите полни со шеќер и безалкохолните пијалоци не ја вршат истата работа.
Заборавате на лосионот за сончање
За многу мажи ова е некоја детал, но всушност лосион не е воопшто безначаен. И не станува збор само за тоа дали ќе изгорите еднаш или повеќе пати. Дури едно силно горење на сонце го зголемува ризикот од формирање на рак клетки.
Не користите кондоми
Бидејќи мажите не забременуваат, недостатокот на кондом во повеќето случаи не ги плаши многу. Меѓу 2008 и 2012 година случаите на кламидија кај мажи во САД се зголеми за 25%, а на гонореја со 4%. Многу мажи мислат дека немаат никакви проблеми, бидејќи немаат болки. Многу болести кај мажите, сепак не предизвикуваат сериозни симптоми и тие можат да си ги влечат со години.
Пиете премногу кафе
Сите пијат по неколку шолји кафе на ден и се оправдуваат со својата работа и напорниот распоред. Распоредот сепак нема да ви помогне кога ќе имате потреба од операција на срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









