| четврток, 6 декември 2018 |

Реставриран мозаикот во Стоби

Мозаикот се наоѓа на површина од 150 метри квадратни, генерално со геометриски флорална декорација која е типична за тоа време, за 4 век

stobi
Реконструираниот и вратен мозаик во Старата епископска базилика на археолошкиот локалитет Стоби денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Мозаикот се наоѓа на површина од 150 метри квадратни, генерално со геометриски флорална декорација која е типична за тоа време, за 4 век.
stobi1
Неговата конзервација почнала 1991 година од страна на Националниот конзервациски центар, а археолозите од НУ „Стоби“ почнале со доработка во 2012 година и сега е поставен во целиот свој сјај и раскош.
Министерката за култура појасни дека мозаикот е вратен на челична подлога, што е прво вакво решение за изолација од влага и надворешни влијанија во Македонија, но и пошироко.
–  Под челичната подлога се гледаат и остатоците од археологијата во овој дел, кој е единствен крупен мозаичен зафат што долго време се работеше и по 20 години е вратен на старото место каде што постоел во епископската базилика, една од најстарите ранохристијански базилики кои датираат од доцниот 4 век и ќе биде достапен за јавноста, истакна Канческа – Милевска.
unnamed (1)
Со неговото враќање, смета дека ќе се зголеми и посетеноста на локалитетот Стоби, каде во 2014 се регистрирани над 14.000 посетители.
Во делот на конзервацијата на Античкиот театар, целосно е завршена конзервацијата на источниот дел од гледалиштето, следува фаза за објавување тендер за избор на фирма која ќе ги постави мермерните плочи.
Во Годишната програма на Националната установа „Стоби“ влезено е и уредување на музејската поставка, која ќе го уредува објектот „Стара железничка станица“, што се наоѓа од другата страна на локалитетот.
– Објектот ќе има неколку мултифункционални примени. Ќе има музејска поставка, повеќефункционална сала за семинари и слично. Лапидариумот во надворешниот дел ќе биде уреден што е предвидено да заврши оваа година.  Во буџетот има обезбедено средства. Институцијата треба веднаш да почне со распишување тендери за изработка на проекти со цел „Старата железничка станица“ да се претвори во една прекрасна музејска поставка. Предвидена е изградба и на кафетерија за посетителите што ќе даде поголема можност да имаат простор да седнат и да одморат од прошетката, додаде Канческа – Милевска.
unnamed
Министерката  за  култура  Елизабета  Канческа–Милевска  оствари работна посета на археолошкиот локалитет Стоби, Градско, каде што во изминатиот период се реализираа неколку значајни активности од областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои и проектот  за конзервација и реставрација на мозаикот што го красел  подот  на  најстарaтa  ранохристијанска  црква  во  Република Македонија – Старата епископска базилика во Стоби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top