Нови триесет дена притвор доби екс разузнавачот Зоран Верушевски. Судија во претходна постапка му го определил притворот за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи, објави порталот „24 Вести“.
Одлуката доаѓа по изминувањето на првите триесет дена кои Верушевски ги издржа во притвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец под сомнение за нелегално поседување на оружје.
Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со неговата сопруга и еден вработен во општина Струмица. Четвртоосомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во истата акција беа уапсени уште две лица, функционери во Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.