Опозициските платеници во обид да и помогнат на СДСМ во нагонот да го прикажат македонската власт како недемократска во својата мрежа ги вплеткуваат и странските новинари- дописници, кои неретко своите написи ги темелат само на посочените факти од „информаторите“.
Така, Дојче веле го пренесе текстот од „Берлинер цајтунг“ во кој новинарот Норберт Мапес-Нидек, во кој тој оценува дека „Македонија со катастрофалната положба на човековите права проаѓа толку лесно, оти ЕУ влета во стапица на владата во Скопје“; потоа дека „Во Македонија, земја-кандидат за пристап во ЕУ, во меѓувреме на работите им се приоѓа слично како во Белорусија или Египет“; па „Се укажува на 117-тото место на Македонија во однос на слободата на печатот, „зад Конго и Таџикистан, на последно место во Европа, на оваа страна од поранешниот Советски Сојуз“. Дури и „За еврокомесарот Јоханес Хан се констатира дека „блокира било каква критика на (сметка на, н. з.) Македонија“- го пренесува Дојче веле „експертот“ кој потоа станува главна вест на медиумите контролирани од „Павел Шатев“.
Овој извештај сега би требало да е релевантен затоа што е странски, што би требало да гарантира објективност и неутралност, а зад себе сето тоа се додава и тежината Германскиот бран, програма за преку границата како и името на новинарот- дописник за Австрија и Балканот.
Но, истиот новинар, пред неполни две години објавува новинарски извештај и оценка во неговата книга, во која вели дека Македонија е пример за човековите права.
„Во Македонија постои позитивна дискриминација кон Ромите, што значи дека државата преку одредени квоти и етнички клуч, се обидува и нив да ги вклучи во нормалното живеење. Така, во најмала рака од политички аспект гледано, Македонија е најдобра на целиот Балкан. Освен историјата и претпазливиот однос кон Ромите на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Македонија постои традиција уште од турските времиња луѓето од различни етникуми да живеат во различни маала, населби, што значи да немаат премногу контакти, но и покрај тоа да имаат почитување и соживот. На пример, и сега градоначалниците на Скопје, колку што знам, честопати одат за 7 април или за Ѓурѓовден во Шуто Оризари, ги поздравуваат лидерите на Ромите и на народот му го честитаат празникот, што не се случува ниту во Чешка, ниту во Словачка, кои имаат централноевропска традиција“, изјави Норберт Мапес-Нидек, автор на книгата „Сиромашни Роми, лоши Цигани“, кој говореше на форумот во Бундестагот посветен на состојбата на Ромите во Европа и на Балканот, пренесува Дојче веле. Говорејќи за антиазилантската политика на ЕУ ќе рече, „Македонија го направи првиот чекор, воведе нови параграфи во регулативата за да се спречи бранот лажни азиланти. Сметам дека Македонија направи многу под притисок на Западот. Но овој притисок, според мене, е контрапродуктивен зашто во земјата со ваквата строга регулатива, наместо да се подобрува – се влошува состојбата на Ромите. Мислам дека премногу лесно ги бараме решенијата – да се направи притисок врз земјата. А Македонија, ако погледнете, воопшто не е лош пример кога станува збор за однесувањето кон Ромите. Напротив! Во политички смисол е добар пример и веројатно најдобар на Балканот. Но, сиромаштијата на Ромите преку политичките мерки нема да се надмине“, коментира за Дојче веле Норберт Мапес-Нидек.
На што би се темелеле ваквите различни приоди на новинарот дописник? Дали дојде до промена на властите во Македонија? Дали воопшто има промена во владините насоки од кога е ВМРО ДПМНЕ на власт во Македонија? Или има промена во приодот на неговите доушници-информатори и пријатели во Македонија?
Всушност челници од НВО „независниот“ сектор се користат со исти средства и кога треба да прикажат успех за некој проект за кој се земени пари од европските фондови, на пример за подобрување на правата на ромите, или пак им треба поддршка во “рушењето на демократската власт“ заради парите од Сорос. Принципот со јавување кај пријателите новинари во странство кои би го пренеле нивниот став под превезот на „меѓународна јавност“ не е ниту непознат, ниту непретпознатлив во Македонија. И провиден за македонската јавност.
Секако како и колку ваквите дијаметрално спротивни ставови за кусо време влијаат врз читателите на „Берлинер цајтунг“ и колку тие би ги споредувале извештаите на овој дописник е прашање за уредувачката политика на весникот. Можеби и за Дојче веле. Но, најмногу за дописникот и неговата мрежа на информатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст