| четврток, 6 декември 2018 |

Масимо Савиќ за „Икс-фактор“: Не ми е важно од која земја доаѓа кандидатот

Хрватскиот кантавтор и уникатен вокал Масимо Савиќ ќе биде дел четиричленото жири на втората сезона на „Икс-фактор“. Тој е нов во ваков вид на шоуа, а во црвените столчиња ќе го придружуваат ланскиот ментор Жељко Јоксимовиќ, Тончи Хулиќ, кој веќе судеше во „Операција триумф“ и сестрата на минатогодишната членка Кристина Ковач, Александра.

Во интервју за „Индекс.хр“, Савиќ вели дека со нетрпение чека да ги случни младите таленти од регионот.

– Убеден сум дека ова е многу јака постава на жирито, бидејќи сме многу различни. Многу висок спектар на знаење ќе може да ссе пренесе на кандидатите – вели Савиќ.

Мислењето на другите членови на жирито, Савиќ вели нема да влијае врз неговиот суд, а на прашањето од која земја очекува најмногу талентирани пејаќи, тој вели дека на талентот не влијае ни регионот, ни потеклото.

– Неми е важно од која земја доаѓаат, важно е да се талентирани и многу сум љубопитен да видам дали постојат луѓе кои се во состојба шоуто и се што доаѓа со него, да го поднесат на вистинскиот начин – вели Масимо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top