–Русија неколку пати ме лажеше мене и други луѓе за нејзините акции во Украина – изјави американскиот државен секретар Џон Кери на сосслушувањето на сенатската комисија за буџет и финансии.
Кери наведе дека „Москва ја има најголемата пропаганда од Студената војна и оти лаже за дејствувањето во Украина“.
Тој осврнувајќи се на Иран истакна дека набрзо ќе се дознае дали Техеран е склон да прифати план за нуклеарната програма.
Американскиот државен секретар најави и дека претседателот Барак Обама набрзо ќе донесе одлука колку американски војници ќе останат во Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.