Вооружен маж убил осум лица, тешко повредил една жена и потоа се самоубил во ресторан во Ухерски брод, во југоисточниот дел на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.
Според достапните информации, напаѓачот е 60-годишен локален жител кој бил нервно растроен.
Тој, нападот претходно го најавил во чешката комерцијална телевизија Прима, објаснувајќи дека бил принуден на чинот поради тоа што што постојано бил навредуван, а никој од надлежните не преземал никакви мерки.
– Како и повеќе граѓани шокиран сум од трагичниот настан, кој се случи денеска во Ухерски брод – рече премиерот Бохуслав Соботка изразувајќи длабоко жалење и искрено сочуство до семејствата на загинатите.
На местото на настанот пристигна и министерот за внатрешни работи Милан Хованец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.