Христијаните во Сирија формираа своја полиција за борба против џихадистите од Исламска држава (ИД) и за заштита на христијанската заедница во оваа блискоистична земја, зафатена со граѓанска војна.
Припадниците на оваа полиција веќе учествувале во една операција против џихадистите заедно со курдските борци во провинцијата Хасакех, во североисточна Сирија, напаѓајќи ги позициите на ИД.
Во заедничката операција, која била помогната до воздух,од авионите на анти ИД коалицијата, Курдите и христијанските борци успеале да ги протераат џихадистите од 22 села, меѓу градот Хасакех и турската граница, вклучувајќи ги и селата каде живеат припадниците на Асириската католичка црква.
Авионите на антиџихадистичката коалиција извршиле 11 напади врз позициите, складиштата и утврдените позиции на ИД, но извештаи од теренот тврдат дека следниот ден, џихадистите извршиле силен против напад. При тоа се верува дека грабнале голем број жители на селата, главно жени, деца и стари луѓе, кои биле одведени кон планинистите делови од тој дел на Сирија и задржани како заложници.
Мнозинството од борците на христијанската полиција се припадници на Сирискиот воен совет (МФС) кратенка, што е направена, според зборовите на ова тело на арамејскиот јазик. Тоа е стар јазик кои го користела на почетокот христијанската црква.
МФС е формиран уште во 2013 година, кога џихадистите почнаа да доминираат во северните делови од Сирија и кога стана јасно дека ИД,која дотогаш беше на страната на сириската опозиција, во намерата да се собори претседателот Башар ал Асад, ја користи борбата за свои цели, за создавање исламистичка држава.
Христијанската полиција е сојузник на курдската група ЈПГ, најпозната милиција на сириските Курди кои одиграа главна улога во одбраната на Кобане и во протерувањето на џихадистите. ЈПГ е сојузник на анти ИД коалицијата, уште од време на борбите за и околу Кобане. Овие курдски борци им ги јавуваат своите и позициите на џихадистите на колаиционите сили,чии авиони потоа ги вршат бомбардирањата.
Официјална Анкара е против ваквиот сојуз на анти ИД коалицијата,во која формално е и Турција, затоа што ЈПГ одржува блиски врски со курдската ПКК која дејствува на турска територија и која од тамошните власти и од САД е прогласена за терористичка организација.
На Западот и во САД, на курдскохристијанската алијанса, на која им се приклучиле и отпаднички делови од т.н. Слободна сириска армија, се гледа како на надежна групација со која би можеле да соработуваат, во сириската граѓанска војна,која трае веќе четири години.
Западни експерти веруваат дека може да омекне и турскиот став кон ЈПГ,отако се разбра дека овие курдски борци и помагале на турската армија,во извлекувањето на нејзините војници од енклавата во која доскоро беше гробот на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската империја, султанот Осман Први.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре