| четврток, 6 декември 2018 |

Директорката на ФЗОМ поднесе оставка поради смртта на Тамара

maja parnardzieva zmejkova

Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева – Змејкова денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

– Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за случајот со Тамара, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа  што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се, рече Парнаџиева – Змејкова.

На прес-конференција истакна дека го разбира гневот на луѓето, посочувајќи дека и таа била гневна и згрозена.

– Револтот и гневот на пошироката јавност мене ми е сосема разбирлив. Лично се соживувам со него како човек и мајка. Обдукцијата, која веќе е објавена во медиумите ја потврди причината за смртта, се работи за причина која не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства. Дополнително интерна комисија во Фондот провери и контатира дека сите процедури во лекарските комисии и стручните служби во Фондот се испочитувани, рече директорката на ФЗОМ.

Обдукцијата, додаде, покажала оти причината за смртта не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top