Меѓународниот монетарен фонд ѝ одобри на Србија стабилизациски заем во износ од 1,2 милијарда евра за период од три години, јави ДПА.
Србија, која најави дека парите ќе ги искористи како превентивна мерка, за возврат треба да спроведе програма со реформи во следните три години.
Програмата има цел да ги стави во ред јавните финансии на Србија и да ја зголеми стабилноста на финансискиот сектор. Предвидено е спроведување структурни реформи, кои ќе го отворат патот за стабилен економски раст.
Во согласност со спогодбата со ММФ за фискалната консолидација, Србија треба да го намали буџетскиот дефицит од 6,6 отсто на помалку од три проценти од БДП во следните три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.