| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски: Се обидуваат да нè уплашат

12802_782088715194143_5314087342188561456_n
– Нема да нѐ поништат. Се обидуваат да нѐ уплашат. Не се плашиме. Тие се уплашени од македонштината што ја носиме, уплашени се од подготвеноста дека во секој момент можеме да застанеме зад браникот на сопствената држава, не размислувајќи дали ќе го дадеме животот за таа земја – рече актерот Тони Михајловски на синоќепната трибина Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Куманово.

За нив, рече тој, повредно од Македонија е власта, а стравот што го шират е оружје и вода во која најубаво пливаат.

– Цело време не ставаат во списоци и тефтери. Нивните тефтери ми се доказ дека сум Македонец – истакна Михајловски. Најопасни, според него, се домашните предавници оти од нив најмногу страдаме.

– Кој е тој човек што го пушта своето дете да ја бие битката на возрасните. Тоа го гледаме сега со студентите – рече Михајловски и додаде дека сега се води умствена психолошка војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top