| четврток, 6 декември 2018 |

„Свеж старт“ за британските договори со ЕУ

Британските пратеници од Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон, во Парламентот побараа „сериозна ревизија“ на договорите кои земјата ги има склучено со Брисел. Извештајот „Свеж старт“ доаѓа една недела пред Камерот и официјално тоа да го побара.

Во објавениот извештај под наслов „Свеж старт“, ториевските пратеници од десницата на партијата и од редовите не евроскептиците, инсистираат на враќање на нејголемиот дел од овластувањата кои Велика Британија и ги има дадено на ЕУ преку низата спогодби што Унијата досега ги има изработено, а официјален Лондон ги има прифатено и ратификувано. Во извештајот пратениците сепак сметаат дека Британците треба и натаму да останат дел од ЕУ.

Извештајот „Свеж старт“ се појавува пред клучниот говор на Камерон за британско-европските односи, што е најавен за крајот на оваа недела. Министерот за надворешни работи Вилијам Хејг го поздрави појавувањето на документот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top