| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши хигиенски навики на Британките – не мијат заби пред спиење, легнуваат со шминка

licna higiena

Четири од пет жени признаваат дека не се тушираат секојдневно, а дури третина од нив отворено говорат дека не се туршираат или капат по 3-4 дена. Личната (не)хигиена на Британките излезе на видело откако беа објавени резултатите од истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 испитаници на возраст од 18 до 50 години.

Истражувањето покажало дека две третини од жените легнуваат во кревет без да ја извадат шминката од лицето, а една од осум не мијат заби пред спиење. Само 21 отсто од испитаничките велат дека се капат или тушираат секој ден.

И покрај овие навики, 92 отсто од жените тврдат дека знаат колку е важен правилниот режим на одржување на кожата, 76 отсто знаат дека спиењето е важно за убавината, а 61 отсто се свесни колку е важна хидратацијата на кожата.

Голем процент, 89, тврдат дека многу би сакале да ја поправат хигиената на телото, но избегнувањето да се капат или тушираат го правдаат со умор и поспаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top