Контроверзниот американски бизнисмен Џорџ Сорос, кој пред неколку недели ја купи групацијата „Данјуб фудс“, во чијашто сопственост се „Имлек“, „Бамби“, „Књаз Милош“ и „Суботичка млекара“ е заинтересиран за приватизација на фармацевтската куќа „Галеника“, пишува српски „Данас“.
Сорос преку својот фонд „Квантум стратеџик партнерс ЛТД“ уште во октомври испратил писмо за заинтересираност.
На јавниот повик се пријавиле 15 потенцијални купци.
Како што пишува „Данас“, Сорос на пазарот во Србија влегува преку медиуми уште во времето на Слободан Милошевиќ, кога со негова голема финансиска поддршка се формирани радиото и телевизијата „Б92“.
Истовремено еден од фондовите на Сорос го создал значајните регионалниот кабелски и интернет оператор СББ. Иако, како што пишува српскиот весник, се добило впечаток дека Сорос се повлекува од Србија во 2013 година по продажбата на СББ и „б92“, застојот траел кратко. Минатата година влегол во преговори со „Денјуб“, по што ги купил водечките прехранбени марки во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.