Грчките европратеници го цитирале лидерот на СДСМ Зоран Заев и ја спомнувале аферата со прислушувањето во земјава во која е замешан Заев, во обид европарламентот да не ги поддржи евроинтеграциите на Република Македонија. Всушност, противниците на македонските интеграции се служат со истите аргументи на Заев и на СДСМ- партизација, немање слобода на говор, притисоци врз судството и медиумите, затегнати меѓуетнички односи.
На дебатата за македонската Предлог-резолуција на Европарламентот, пред утрешниот Комитетот за надворешни работи на ЕП да гласа за резолуцијата за Македонија, жестоко реагирале грчките европратеници, кои како аргумент го користеа лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговите материјали за прислушување во земјата што, според нив, покажале дека Македонија не ги исполнува Копенхашките критериуми и дека не заслужува да напредува во евроинтеграциите.
Грчкиот европратеник Кефалојанис, го цитираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека како водач на опозицијата, откако ги загубил изборите, не се вратил во Парламентот со својата група и дека „неодамна најави дека има намера да востанови парламент и влада во сенка”. Додава дека Македонија назадувала изминатите 12 години, дека има се посилна политизација во општеството и дека се врши масовен надзор на медиумите. Според него Скопје има територијални намери кон други држави и дека се говори за голема Македонија, што е провокација кон Бугарија и Грција, а побара и да се избрише зборот „Македонија” во петтиот амандман, како и придавката „македонски” што ја има на две места.
Софија Сакорафа од Обединетата европска левица посочува на назадување во Македонија, од слободата на говор, преку владеењето на правото и слободата на медиумите и дека за тоа, земјата не ги исполнува Копенхашките критеируми. Таа изрази незадоволство и го нарече „политички пропуст на институционално ниво”, тоа што ЕП и во оваа резолуција бара итно отворање на преговорите со Македонија.
Европратеничката од Грција, Спираки, смета дека во Македонија не се почитуваат правата на националните малцинства, посочувајќи дека тоа е случај „кога се работи за делот на односите на албанското малцинство и словенското мнозинство”. Таа рече дека ЕУ нема да направи притисок, ако даде зелено светло за отворање на преговорите.
Бугарскиот ултра-националист Ангел Џамбаски, кој поднесе рекордни 30 амандмани на оваа Предлог-резолција за Македонија, рече дека не се работи за историски разговори за враќање во минатото во однос на Македонија, туку за актуелната состојба во однос на почитување на човековите права во државата.
Сепак, овие аргументи не беа прифатени од колегите- европратеници. Но, интересно е како секогаш кога се носат важни заклучоци за македонските евроинтегративни процеси, обвинувањата на СДСМ кон власта и државата се главни аргументи на ставовите на грчките претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.