| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави слободна економска зона Берово-Пехчево

Никола Груевски, премиерот на Република Македонија и претседател на владејачката партија ВМРО-ДМПНЕ, соопшти дека Владата донела стратегиска одлука да почне со подготовки за градба на слободна економска зона Берово-Пехчево.

gruevski-valandovo2

– Тие подготовки веќе почнаа. До крајот на годинава ќе почне и изградбата на инфраструктурата во таа зона, која ќе привлече инвеститори и ќе отвори нови работни места. Ова не го ветивме, но го остваруваме – додаде Груевски.

Вакви зони се изградени во Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Тетово, а од неодамна и во Кичево, Гевгелија и додаде дека до крајот на годинава ќе бидат изградени и во Берово-Пехчево, Струмица, Кочани, Виница, вкупно 14.

– Ние никогаш не ветуваме дека се ќе решиме, тој што ќе го вети тоа – бегајте од него. Наградете ги тие што ветуваат онолку колку што можат да исполнат. Ние имаме аналитичност и ги решаваме прво приоритетните проблеми во секоја општина – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top