| четврток, 6 декември 2018 |

Судот пресуди Палестина да плати отштета на Американци

palestinaСуд во САД наложи денеска на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и на Палестинската управа (ПУ) да платат над 218 милиони долари, бидејќи обезбедиле материјал за поддршка на терористи, што се смета за победа на Американците, кои поднесоа тужба за напади во Ерусалим пред повеќе од една деценија.

Пресудата за ова политички чувствително судење во федералниот суд на Менхетн дава нова димензија на деценискиот блискоисточен судир, откако американските жртви на судирот бараа отштета преку судот во САД.

Поротата се изјасни за десет американски семејства кои поднеле тужба за шест напади припишани на Бригадите на мачениците Ал Акса, поврзани со Фатах и Хамас. Отштетата би можела да се утрои врз основа на Антитерористичкиот акт на САД.

Жртвите и нивните семејства бараа 350 милиони, односно една милијарда, по утројувањето за оружени и бомбашки напади од 2002 до 2004, во кои се убиени 33 лица, и ранети над 450.

ПЛО и ПУ ќе се жалат на пресудата, и засега е нејасно дали ќе можат да ја платат отшетата, ако жалбата биде одбиена. Палестински претставници со загриженост го следеа судењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top