Владимир Путин и неговите најблиски апартчици треба да бидат изведени пред лицето на меѓународната правда „поради анексијата на Крим“, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошсенко.
Истакнувајќи дека Украина никогаш нема да се откаже од својот суверенитет врз Крим и колнејќи се дека во иднина ќе го поврати овој црноморски Полуостров, Порошенко истакна дека правата на луѓето во овој „анектиран“ регион се згазени под раководството на Кремљ, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“.
-Денеска нема да кажам дека тоа ќе оди брзо и лесно, призна Порошенко, но истакна дека ќе се изгради нов Крим во кој правата и интересите на сите жители, без разлика на нивната етничка, јазична и верска припадност, ќе бидат гарантирани.
Порошенко кажа дека ќе дојде време кога сите кои сториле или допрва ќе сторат злосторства против украинската држава и човекови права на Крим ќе бидат соочени со меѓународни судски процеси или процеси во самата Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае


