| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста во Хрватска надмина 20 проценти

Unemployment-CroatiaСпоред податоците на хрватскиот Државен завод за статистика, невработеноста во земјата во текот на јануари изнесувала 20,3 проценти и била зголемена за 0,7 отсто во споредба со предходниот месец. За првпат од април минатата година невработеноста ја надмина границата од 20 %, но од друга страна нејзината големина е значително пониска во споредба со јануари минатата година, кога изнесуваше 22,3 %. Во 2014 година најниска невработеност беше регистрирана во јули – 17,3 %. Хрватска и натаму е меѓу земјите со највисока невработеност во Европската унија. Според есенското истражување на „Евробарометар“, невработеноста е најголемата грижа за 66 отсто од анкетираните Хрвати.

Невработеноста останува во фокусот и во Македонија, каде постепено се намалува со политиките на владата за стимулирање на отворањето нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, како и политиките за самовработување. Македонскиот огромен процент на невработеност се должеше на криминалната приватизација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top