Јакнење на деловниот сектор, интензивирање на соработката особено меѓу извозно-ориентираните компании, поттикнување на инвестициите во производството и модернизација на постојните индустрии, се приоритетите на бизнис заедниците од регионот преку кои, како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, заеднички ќе работат на зголемување на конкурентноста како услов за успешен пробив и сигурен пласман на светските пазари.
Во фокусот на компаниите од балканските земји ќе биде и креирањето нови брендови, како и промоција на економските потенцијали.
– Економиите од 11-те земји во регионот имаат различно ниво на стопански развој, но сите имаат потреба од поголема конкурентност поради острата борба на европскиот и светските пазари. Во оваа смисла, многу е битно како ќе се позиционираат и со какви производи ќе настапат – истакна Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на стручната служба во Комората.
Според нејзиниот колега Борис Тримчев, конкурентноста бара големи структурни промени, многу време и заедничко ангажирање на сите засегнати страни.
– Исклучително битни фактори се и микро-конкурентноста, на ниво на претпријатија, поволната бизнис клима која поттикнува воведување нови производи и процеси, инвестициите, зголемувањето на продуктвноста, како и почнувањето на економските активности поврзани со коридорите 8 и 10. Притоа, освен ангажирање на сите засегнати страни, неопходни се и реформи во образованието и постојани обуки – истакна Тримчев.
Минатата година Македонија реализира 3,5 милијарди долари од размената со земјите во регионот што е 29 проценти од вкупната размена.
Асоцијацијата на балкански комори чие претседателствување го презема Стопанската комора на Македонија, деновиве во Скопје, на редовното собрание, 2015-та ја прогласи за година на конкурентноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход
-
МОБ ќе потпише меморандум за соработка со Националниот театар од Сараево
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Ферари и Мерцедес не сакаат да соработуваат со Мекларен