| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин ќе си го чува златото дома

Германската централна банка Бундесбанк најави дека до 2020 година ќе ги повлече резервите на злато од Франција и од САД. Германија таму чува 674 тони или 19 отсто резервите на злато.

Бундесбанката го повлекува латото од Франција бидејќи нема можност за размена, заради истата валута. Во образложението од банката пишува и дека Германија немала мотив за складирање на златни резерви. Најголем дел од резервите на злато Германија ги чувала во странство за време на Студената војна, поради стравот од советска инвазија.

Во Бундесбанка се чуваат само една третина од златото, додека во Федералните резерви на САД се чуваат 45 отсто од германското злато, 13 проценти во Ангиската централна банка и 11 отсто или 450 тони во Француската централна банка,

Златните резерви на Германија, вкупно 3.395 тони, се втори по големина државни резерви во светот, а најмногу злато восветот сеуште им припаѓа на САД со 8,13 илјади тони, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е трет со 2,8 илјади тони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top