Единаесет тимови со геодети и правници на Катастарот даваат совети и информации за катастарски предмети и нејаснотии од областа на средби со граѓани во рамки на отворените денови што ги организира од денеска во Скопје оваа институција.
Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, за консултации во скопскиот Центар за катастар на недвижности за денеска се пријавени 50 граѓани, покрај кои од катастарските служби ќе бидат примени и другите кои се заинтересирани.
– Катастарот ги отвора вратите за граѓаните. Целта е да им го приближиме катастарот и да им излеземе во пресрет со информации, совети, појаснувања и евентуално отстранување грешки за одредени предмети. Стручните служби, менаџментот на Кататарот е присутен на овие средби со цел да ја подобриме работата. Покрај за конкретни предмети има барања за појаснувања на постапки и потребна документација за впишување имоти за легализација, приватизација на дворни места и за други работи во надлежност на катастарот – изјави Трпески.
Отворените денови со Катастарот, истакнува, се значајни за граѓаните но и за подобрување на работата на Катастарот затоа што добиваме сугестии и најразлични предлози за услугите што ги нудиме и нивно поголемо доближување до граѓаните.
Во тек на седмата акција „Отворни денови“ на Катастарот, што почна на 24 ноември лани, досега во 24 града се примени 2.000 граѓани. Во 80 случаи, како што информира Трпески, се утврдени грешки во предмети на кои работел катастарот и се отстранети. За територијата на Скопје, каде има отворени денови по четврти пат, имало 800 странки. Во Скопскиот катастар отворените денови ќе траат до петок. До крајот на годинешнава кампања, која треба да заврши до 20 март, треба да се реализираат отворени денови во подачните одделенија на Катастарот во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Дебар…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Мукоски: Ова се историски денови на бранење на државата, не се изгубени денови во Собранието